Лондонскиот бренд за чевли „Dear Frances“ во последниве неколку сезони со бројните елегантни и уникатни модели на чевли ги освои срцата на голем број девојки ширум светот, а нивните модели ги обожаваат и познатите девојки како Селена Гомез, Кендал Џенер и Џиџи Хадид.

Брендот е основан од Џејн Франсис откако ги завршила студиите по дизајн во Милано и Лондон. Преку својот бренд, таа ги спои традиционалната рачна работа која ја научила од италијанските занаетчии и британскиот начин на размислување за маркетинг.

Чевлите на „Dear Frances“ се произведуваат од најдобра и најквалитетна кожа во комбинација со прекрасни материјали во северна Италија каде со години го негуваат овој занает.

Естетиката на Франсис е неверојатно префинета, елегантна, линиите на чевлите се секогаш меки и го следат обликот на женското стапало.

Што се однесува до текстурите, тие секогаш се меки и нежни бидејќи дизајнерката користи квалитетна кожа во комбинација со квалитетни материјали како дрво и плексиглас.

Иако зад неа има само четири колекции, таа веќе успеа да ги освои срцата на познатите дами меѓу кои и Ема Робертс, Бела Хадид, Кендал и Кајли Џенер, Селена Гомез и многу други.

Извор: Buro 24/7

Објавено:
20 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
894 пати