Кристијан Лубутан креира линија на лакови за нокти

23 јули 2014

Според легендата, во 1992 година славниот чевлар ја спремал третата колекција по ред, но не бил задоволен од нијансите кои бие посветли од оние кои ги имал во своите скици. Без размислување го земал црвениот лак за нокти од неговата асистентка и ги трансформирал чевлите, кои денес се најпосакуваниот модел на салонки од Лубутан.

Од денес во Њујорк во продажба ќе биде пуштен само црвениот лак за нокти од оваа линија, а по лансирањето на рекламната кампања од 6 и 31 август во продажба ќе биде пуштена целата линија на лакови за нокти и тоа на повеќе локации.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци