Кристијан Лубутан најавува колоритна пролет

2 декември 2014

Кристијан Лубутан на својата службена страна објави фотографии од пролетната кампања Water in love. Фотографиите се дело на Питер Липман, кој на совршен начин ја преточува визијата на Лутубан во дело, дека жената која носи негови модели, никогаш не ги соблекува од себе.

Како што всушност се очекува за пролетната сезона, колекцијата изобилува со шаренило од бои, колор - блок комбинации, а вметнати се и детали како што се ресите и драгоцените камења. Моделите варираат од класични салонки, па се до сандали со отворени прсти, како и сандали со неправилна форма на потпетица, но и со полна пета. Во продолжение, погледнете што Лубутан нуди за наредната пролет.

Преземено од Fashion.hr
Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци