Повеќе од половина век, британскиот модел на популарните чизми Мартинс,  се обожавани од модни бунтовници до мали девојчиња. Тековната сезона брендот понуди сосема нови модели со видно изменет изглед, кој сепак се потпира на класичниот и универзално прифатен модел.

Доколку Ви се потребни чизми што овозможуваат сигурност од прокиснување и студ на стапалата, несомнено не треба во ниеден случај да се двоумите, туку да изберете проверено име. За оние што се приврзани за класичниот модел, истиот повторно е присутен и во најновата колекција, во темно црвена нијанса со гумен ѓон порабен со жолт конец.

Меѓутоа за сите што сакаат малку посмирени женствени  варијанти, тука се и моделите со цветен прит на врвките и внатрешноста, кои имаат двојна функционалност од изгледот. Сепак, изборот вклучува и комплетно црни моторџиски модели со ремени и сребрена тока, како и такви што наликуваат на класичени спортско-елегантни чизми до глужд.

Без оглед дали се од црна кожа, со животински принт, цветови или во интензивна боја, тие секогаш го имаат цврстиот и неуништлив изглед. Колку за потсетување, Мартинс прв пат се изработени на 1-ви април 1960 година, дизајнирани од Германецот д-р Клаус Мартинс.

Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци