Лупита Нјонго е заштитно лице на новата линија очила за сонце на Миу Миу
•
30 април 2014
Лупита Нјонго, Ел Фенинг, Бела Хиткот и Елизабет Олсен се младите актерки кои ги добиваат најдобрите филмски улоги. Нивното време тек доаѓа, а модната куќа Миу Миу реши да ги искористи за својата нова пролетна кампања.
Ел Фенинг и Елизабет Олсен полека но сигурно ги следат стапките на нивните познати сестри, Бела Хиткот наскоро ќе се појави во филм со Хју Грант, а моментално најпознатата од нив, Лупита Нјонго покрај тоа што доби Оскар, беше прогласена за најубава жена во светот според магазинот People. Во продолжение погледнете го фантастичното видео за пролетната кампања на Миу Миу за новата линија очила за сонце.