Мини ранци: уште еден тренд од 90-тите што чека ред во вашиот плакар

7 ноември 2014

Трендовите од 90-тите динамично проструија и моментално се најактуелните, но во современа верзија на новото време. Ако вчера ви предложивме почесто во вашите дневни изгледи да ја имплементирате карираната кошула, денеска фокусот го насочуваме кон мини ранците.

Веруваме дека првата асоцијација за нив ве навраќа кон училишните денови од детството или како што споменавме на периодот од 90-тите. Ако тогаш сте останале имуни на нив и не сте пробале да ги имплементирате, тогаш најновите модифицирани модели ќе ве освојат од прва.

Reserved Reserved

 

Уште од минатата студена сезона, кожените мини ранци во црна боја, станаа задолжително парче аксесоар на жените и девојките што веруваа во нивниот урбан изглед. Оваа тековна сезона, светските дизајнери во своите колекции не пропуштија да презентираат уникатни изданија.

Ако не сте љубител на романтичниот стил и во вашиот гардеробер тешко може да се пронајдат цветни принтови и панделки, а не спаѓате ниту во хипстерските редови, овие модели на ранци дефинитивно ќе го најдат своето место.

Zara Zara

Изгледаат „кул“, лесно се комбинираат со дневните стајлинзи и придонесуваат за стилска победа. Новите црни модели што особено ни се допаѓаат ги гледате во продолжение.

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци