Секако дека пролетта секогаш асоцира на богат колорит и игра со палетата јаки бои, но доколку вашиот изглед вклучува токму така „обоен“ одраз на пролетта, тогаш може да го смирите и да балансирате со монохроматски аксесоари.
Футуристичкиот дизајн на модните додатоци за оваа пролет се добитна комбинација ако се во монохроматска варијанта. Па така здолништето аплицирано со флорален принт комбинирајте го со црни сандали на врзување или елегантната колор блок тоалета надополнете ја со едноставно црно мини плико.
Веќе е отворена и темата за имиџот на плажа, па сигурно нема да погрешите ако одберете модернистички еднобоен костим за капење со интересни исечоци или сламен шешир во црна или бела варијанта кој ќе го комбинирате со марама во весели бои.