Иако има уште малку до летото што треба веќе да го повикаме на било кој начин, денеска ви претставуваме еден моден додаток за кој веруваме дека ќе ви биде супер сојузник.
Доколку ви здодеаја сите оние кожени чанти во темни нијанси, сега е време за впечатлива, плетена чантичка од Манго во кафена нијанса која ќе можете да ја комбинирате со што и да посакате.
Носете ја на работа со бели панталони и романтична кошулка, а не двоумете се и да ја вметнете во комбинацијата со омилениот црн фустан за забави.
Заедно со рамни сандали или кафени еспадрили, оваа чантичка ќе биде највпечатливиот дел од вашиот дневен или вечерен стајлинг.
Истата не е многу голема, па така треба внимателно да ги одберете работите што ќе ги сместите внатре, особено ако истата ја носите на работа.
Чантата има долго ремче, но секогаш можете да ја носите и во рака. Како создадена е и за на одмор, па така не заборавајте да ја спакувате во куферот за стилизирање на сите комбинации за вашето долго, топло лето.