Модните додатоци играат клучна улога во финиширањето на секој изглед, барем ако сакаме тоа да биде впечатлив финиш кој говори за нашата индивидуалност.

Во пресрет на празниците, сите вие кои планирате да присуствувате на некоја од новогодишните забави, сигурно размислувате и за вашиот изглед.

Кога се во прашање модните додатоци, задолжителна е мини клач чантата која и од практичен и од естетски аспект, е едно од најдобрите решенија за комплетирање на празничниот изглед.

Ние ви препорачуваме една совршена сребрена клач чанта, која има опција да се носи и преку рамо со тенко синџирче, богато украсена со сребрени детали и мониста. Ќе ја најдете во продавниците на Parfois.

Објавено:
1 декември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
623 пати