Главната работа е во материјалот, па обврнете внимание да не купувате облека која го поттикнува потењето.

Seersucker

Ова е еден од најомилените летни материјали. Се појавува во САД и го носеле сиромашните членови на општеството. Овој дериват на памукот многу бргу ги смени клиентите и почнаа да го носат „Јужњаците“ поради транспаретноста, а денес е толку распростанет што сѐ повеќе летна облека е направена токму од овој материјал

Madras

Се работи за „роднина“ на seersucker. Ако знаете добро да го искомбинирате, во слоеви можете да го носите и во зимскиот период. Удобен е и кога го носите имате чувство дека немате ништо на себе. Традиционално, се работи повеќе за „машка“ ткаенина, но од овој материјал сѐ почесто се произведуваат и женски парчиња.

Лен

Ленената облека е лесна и транспарентна, па е совршен избор за летните денови. Единствен недостаток на ленот е што лесно се тутка, но со оглед на тоа дека сите се запознаени со таа карактеристика на материјалот, нема да ви се забележи на неколкуте неправилни линии на панталоните или блузата.

Перфориран памук

Транспарентен, лесен и достапен во речиси сите бои, перфорираниот памук е еден од омилените материјали во летните месеци.

Фротир

Иако фротирот најчесто се користи за изработка за крпи, домашни наметки и постелнина, дизајнерите сепак го користат во своите колекции. Самата ткаенина е направена од илјадници мали крукчиња, кои одлично впиваат, така што одлично ќе ве штити од жештината.

Свила

Лесна за комбинирање со други материјали и пријатна за носење, свилата е иделана за летните месеци. Но, свилата исто така е многу нежен материјал и осетлив, па затоа внимавајте како ја одржувате.

Chambray

Ова е вид памук, сличен на траперот. Можен е и во комбинација со џинс. Одличен е за месеците кога се минува од едно годишно време во друго, но не помалку добар е и за на плажа.

intro

Објавено:
14 јуни 2013
Категорија: 
Модни додатоци