Чевлите се едни од најважните парчиња кога ќе помислиме на летото. Пред сѐ, тие треба да бидат супер удобни за да може да ги издржите топлите летни денови, а секако и доволни шик за да се вклопат во секоја ваша комбинација.

Еден од брендовите што девојките го обожаваат ова лето е „Кастањер“ од чија работилница доаѓаат најубавите и најлесни еспадрили било кога направени.

Брендот постои уште од 1776 – тата година, кога е роден првиот производител на еспадрили во семејството, Рафаел Кастањер.

Со истата работа продолжиле да се занимаваат и неговите наследници, а по отворањето на првата официјална продавница во 1927, еспадрилите на Кастањер ги носеле дури и војниците во Шпанската граѓанска војна.

Во 70 – тите години, работата на брендот ја забележува Ив Сен Лоран, по што голем број брендови започнуваат да нарачуваат чевли од Кастањер за нивните модни ревии.

Денеска, нивните еспадрили ги носат некои од најпознатите девојки во светот меѓу кои и Алекса Чанг која има импресивна колекција, но подеднакво вљубена во истите е и манекенката Рози Хантингтон Вајтли.

Она што ги прави посакувани овие еспадрили е нивната едноставност и удобност, но истовремено и впечатливите детали, бои и плетки кога е изработката во прашање.

Брендот има нова летна колекција, а ние веруваме дека ќе ви се допадне секое едно парче од истата.

Погледнете ги новите модели во галеријата погоре.

Извор: Journal.hr

Објавено:
25 јуни 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
7.334 пати