Накит со ѕвездена моќ
•
12 декември 2013
Голем дел од припадничките на понежниот пол имаат високи приоритети кога идеалните парчиња накит се во прашање. Големите модни етикети тоа секогаш го имаат во предвид, па и овојпат нудат избор на кој тешко можеме да му одолееме.
Ние избравме четири уникатни парчиња накит кои се инспирирани од ѕвездените ноќи и кои дефинитивно ќе ве освојат со својот дизајн, врвната изработка и уникатната завршница.