Нова колекција очила за сонце од Шанел
•
8 април 2014
Заштитно лице на новата колекција очила за сонце за пролет/лето 2014 година за модната куќа Шанел е Алис Делал, која за потребите на кампањата позираше пред објективот на Карл Лагерфелд. Во амбиентот кој потсетува на студентски дом уреден во романтичен стил, Алис позираше во кежуал кардигани и со диоптриски и очила за сонце.
Познатата модна куќа за оваа пролет предлага очила со дебели рамки, кружни, мачкасти модели или со пеперутка форма, а диоптриските очила го задржуваат класичниот модел. Логото на Шанел дискретно е застапен на сите модели, а романтичните души сигурно ќе бидат воодушевени од вметнатата тантела како интересен детаљ.