Шопингот може да биде сложен и исцрпен процес доколку ви е неопходно да најдете повеќе работи од еднаш. Токму затоа за пофалба е новата идеја за спој на неколку европски брендови во бутици на различни локации. NO ONE на едно место нуди производи што се достапни само во неколку продажни салони во Европа, а сепак се со дизајнерски потпис
Љубителите на авангардната екстраваганција и со поинаков пристап кон модата, ќе бидат воодушевени од чантите на MSGM. Италијанскиот бренд пред пет години благодарение на несекојдневниот хумор на Масимо Горгето преточен во дела, успеа да се пласира на модната сцена, а оваа сезона нуди интересни гангстерски модели на чанти во повеќе форми.
Пролетното шаренило надополнето со впечатлив ѓердан е идеална формула за успешна комбинација. Бутикот во својата понуда ги има вметнато ѓерданите на Силвија Гнечи кои претходно беа достапни само во Москва. Гломазните ѓердани се во разни нијанси, комбинација од скапоцени камења и со несекојдневни форми.
Специјализираниот бренд за чанти Rocio од Лондон не остава ништо на случајност – новата линија клач чанти нуди модели со интересни уметнички форми. Спектакуларните чанти се изработени од природни материјали и се дефинитивно одличен избор за сите оние кои сакаат уникатен изглед.
Италијанскиот моден бренд Марсел нуди квалитетен избор на чанти и чевли кои на прв поглед изгледаат сосема едноставно, но сепак сите оние кои еднаш ги испробале нивните производи, знаат што е квалитет преточен во ексклузивни парчиња модни додатоци.