Во морето бројни модели балетанки кои се омилени на девојките за претстојната топла сезона, Ријана го има вистинскиот хит во соработка со Пума.
Веќе знаеме дека нејзината соработка со Пума на брендот му донесе огромно зголемување на профитот, а се чини дека тоа ќе продолжи и во иднина.
Покрај бројните модели патики со свилена панделка кои беа едни од најпосакуваните изминатите неколку месеци, пејачката неодамна го претстави новиот модел балетанки на платформа со панделка и отворени странични делови.
Бидејќи се надеваме дека конечно студените денови се зад нас, време е да почнеме да се подготвуваме за топлите што допрва доаѓаат.
Засега, неодоливите балетанки можете да ги добиете во крем, розова и бела нијанса, а кога истите ќе бидат официјално пуштени во продажба, сѐ уште не се знае.
Она што неодамна беше објавено е дека профитот на Пума во првата четвртина на 2017 – та година се зголемил за неверојатни 92 проценти благодарение на соработката со музичката дива.
Судејќи според овие информации, на нивната соработка дефинитивно не и се ближи крајот и можеме да очекуваме уште многу нови парчиња.