Пролетта е совршено време да го обновите плакарот со чевли, а ако ви треба малку инспирација и нов бренд чии модели ќе ги обожавате, денеска ви предлагаме еден таков.
На неодамнешната турнеја во Мароко, војвотката Меган Маркл беше воодушевена од моделите на Zyne, па сосема очекувано, тие за кратко време станаа хит на Инстаграм.
Мароканскиот бренд Zyne всушност изработува традиционални обувки, но ги украсува и усовршува на начин што и модерните девојки ги обожаваат.
Она поради што девојките го обожаваат овој бренд, а многу дизајнери го почитуваат, е тоа што сите обувки се изработуваат рачно и со техники кои се користеле во минатото, само сега се малку подобрени.
За сите чевли тие користат материјали од локални производители, за што тамошните купувачи ги почитуваат уште повеќе.
Основачите на брендот посочуваат дека нивната цел е да го доближат традиционалниот дизајн и изработка до младите и да им укажат дека и тој може да биде нослив и да изгледа стилски.
Ако во блиска иднина патот ве води накај Мароко, тогаш задолжително набавете си еден од нивните модели, а дотогаш, можете и да нарачате преку нивната официјална страница.
View this post on Instagram
Инфо и фото: Fashion.hr