Очи-инспирација за новиот дизајнерски накит на Еклектика
•
5 мај 2014
Македонското дизајнерско дуо Еклектика, зад кое стојат двајцата дизајнери на накит Моника Лозановска и Александар Милев, ја лансираа својата нова линија на модни аксесоари насловена „Око“.
Очите како одраз на нашата внатрешна состојба и огледало на нашата душа, се првата асоцијација и директен мотив во создавањето на накитот, а основна форма кај секое парче поединечно се токму очите.
Рачно изработениот накит на Еклектика ќе биде презентиран и во рамките на поп ап продавницата која ја организира Лудус, на 9-ти и 10-ти мај во МКЦ.