Прв пат се појавуваат во Шкотска и Ирска под името „Balmoral”, но популарноста ја стекнуваат дури во 19 век и тоа на Универзитетот Оскфорд, па токму поради тоа се нарекуваат Оксфордки.

Оксфордките се во форма на машки чевли, а од неодамна станаа задолжителен дел од женскиот аутфит. Чевлите даваат доза елеганција на целокупниот изглед, тие се совршен избор за есенските денови, а лесно се комбинираат со фармерки, панталони,  кошули, макси или кратки здолништа, а најважно од се е што се комфорни и модерни во секој поглед.

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци