„Ол стар“ создаде патики за обожавателите на „Симпсонови“

5 февруари 2014

the-simpsons-x-converse-chuck-taylor-all-star-collection-1

Ликовите од популарната анимирана серија „Симпсонови“ сега можете да ги имате и на патики. Комапнијата „Ол стар“ дизајнираше нови „старки“ со ликовите на Барт, Марџ, Хомер...

„Старките“ украсени со Симпсонови постојат уште од минатото лето, но компанијата неодамна дизајнираше и нови модели, на длабоки и плитки патики.

Во продажба се и црните „старки“ со легендарните „I will not“ на Барт Симпсон.

Цената на овие модели се движи од 25 до 45 евра.

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци