Валентино откри уште еден од низата одлични модели на еспадрили за ова лето. Произведени во Италија, новите кожени, црвени еспадрили од модната куќа Валентино нудат уникатна комбинација на удобност, луксуз, раскош и одличен стил!
Истите се неверојатно квалитетни, на дното имаат цврста гума сошиена со тренди плетка од коноп која што потоа е составена со самиот чевел.
Предниот дел им е украсен со уникатни и шик везови претежно во црвена боја со неколку интересни плетки во сина, зелена, кафена и крем боја.
Задниот дел на овие урбани еспадрили е целосно направен од висококвалитетна кожа која што одлично им прилега на везовите.
Овие лежерни и удобни еспадрили се едни од омилените парчиња на светските трендсетерки оваа пролет, а истите можете многу лесно да ги комбинирате со тренди фармерки, лесни фустани, широки здолништа, но и летни костими во свежа боја за кежуал дневни варијанти.
Во продолжение погледнете и некои од другите Валентино модели и одберете си едни за вас!