
Шанел, Кристијан Диор, Баленсијага, Алтазура, се само некои од дизајнерските куќи што во своите пролетни колекции ги вратија моделите на ѓердани што можеби изминатите години ги подзаборавивме. Станува збор за таканаречените „choker“ модели, односно ѓердани што се прилепени до вратот, што обично се изработени од стилизирани цврсти метални ленти. Оваа пролетна сезона дизајнерите си поиграа со ѓерданите и ги свртеа обратно од начинот на кој навикнавме да ги носиме, ставајќи на краевите места за разни превезоци и интересни детали. Кај Шанел тоа се секако бисерите, додека кај оние на Бетси Џонсон змиската глава и опашка.
Betsey Johnson
Диор отидоа чекор понапред со тоа што прикажаа асиметричен модел прекриен со колоритни перли. Ваквите модели на ѓердани се IT за тековната пролет, затоа доколку размислувате да го подновите накитот, изборот нека биде на „choker“.
