Пластичната ретро торба е старо-новиот моден хит
•
11 август 2017
Можеби некои од вас ќе се сетат на старите пластични, плетени торби за пазарење што беа актуелни во 80-те и 90-тите години? Токму нивната модернизирана и стилизирана варијанта е новиот моден хит, што воопшто не нѐ изнанадува со оглед на кружниот тек на трендовите.
Пластичните плетени ретро торби, т.н „jelly", неизбежно се пропратен моден додаток во актуелните стилски изданија на влијателните трендсетерки.
Ги комбинираат буквално во секоја варијанта, па дури и со други чанти.
Не се исклучок ниту кај холивудските ѕвезди и кај уличните модни икони, кои уште повеќе ги популаризираа. Достапни се во богат колорит, најчисто во интензивни тонови, но и во пастелни нијанси.
Супер идеја и за на плажа, зарем не?