Кралот на чевлите, како што нарекуваат дизајнерот Маноло Бланик, ги израдува своите обожаватели и љубители на модните додатоци, со колекција чанти.
-Убавите жени секогаш ме инспирирале, па кога ја осмислував колекцијата чанти, бев сигурен дека тоа ќе бидат вечерни модни додатоци за жената на денешницата. Ги сакам украсите на чевлите, затоа и не треба да објаснувам зошто истите се присутни и на чантите. На некој начин, оваа нова колекција е продолжение на стилот на обувките, бидејќи сакав да поврзам овие две нешта – објаснува Бланик.
Тој додава дека за изработка му било потребно повеќе време, но е задоволен од крајниот резултат.
-Оваа колекција е нешто што навистина сакав да го направам, затоа и си дадов време. Сакам кога ги правам работите убаво и темелно, а тоа понекогаш бара повеќе време. Во моментов немам во план да изработувам друг тип модни додатоци. Сакам да уживам во чантите и веќе размислувам за тоа како ќе изгледаат оние за следната сезона – открива дизајнерот.
Инаку, колекцијата содржи шест модела чанти, пресвлечени во сатен или чиста свила, во интензивни бои и украсени со Сваровски кристали.
Достапни се во бутиците во Лондон и Њујорк, а наскоро ќе се најдат и во Италија, Германија и Шведска. Цената им се движи од 1.850 до 2.000 евра