Од деведесеттите години па наваму носењето накит на челото или црвена точка стана стилски додаток кој познатите ѕвезди од булеварот на славните ги обожаваат. Неговата употреба има пред се верски карактер и симбол на хинду религијата. Последна која почна да го вметнува овој „моден фетиш“ во својот стил е Селена Гомез. И покрај негодувањата од страна на хинду заедницата сепак Селена не сака да се оддели од своето омилено парче накит. Но младата пејачка не беше првата која го фаворизира овој моден додаток. Уште во раните деведесетти прв кој беше доволно храбар д го украси своето чело беше Бој Џорџ, па следуваа Гвен Стефани која употреби неколку топчиња и ги уоквири очите, сексапилната Памела Андерсон, младата Мајли Сајрус, слатката Кети Пери и многу други.

 

Селена Гомез 2013

 

Украсеното чело во рамките на хинду религијата ја претставува шестата чакра, чиј симбол се мудроста и енергијата, а црвената точка е заштитен знак на азиските жени. Тоа што овој верски знак се користи во светот на модата како украсен накит или моден додаток хинду заедницата не го правда, ниту подржува. Изгледа дека кога сте холивудска ѕвезда не се согласуваат со тоа тврдење, па продолжуваат да го фаворизираат овој невообичаен моден тренд.

 

Шакира 2003

 

 

 

Објавено:
16 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци