Јорданската дизајнерка Амина Муади е новото хит име во модната индустрија чии чевли познатите девојки ги обожаваат.
Всушност, таа не е толку нова на модната сцена со оглед на тоа што на 25 години беше креативна директорка на италијанскиот бренд за чевли Oscar Tiye, но пред само една година го напушти и основаше сопствен бизнис кој стана неверојатно успешен.
Талентираната јорданска дизајнерка денес има 32 години, а чевлите што ги создава ги обожаваат Ријана, Кендал Џенер, кралицата Ранија, Роси Хантингтон Вајтли и уште многу други познати девојки ширум светот.
Нејзините чевли се најпрепознатливи по интересните потпетици, но и по квалитетната изработка и материјалите од кои се прават. Во едно неодамнешно интервју за Форбс, таа ќе каже дека сакала да се занимава со ова уште од четири годишна возраст.
„Сакам да си играм со пропорциите и да создадам производ што изгледа убаво и во кој жените се чувствуваат убаво. Чевлите најчесто се купуваат емоционално, односно жените со нив секогаш сакаат да ја подигнат нивната самодоверба. Јас секогаш давам 100 проценти од себе во оваа работа“, вели Амина.
Посебно ја радува тоа што нејзините чевли ги носат жени од различна возраст и од различни профили, а во иднина ќе се фокусира на изработка на чевли со поголеми броеви.
Погледнете дел од фантастичните модели на оваа дизајнерка.
Инфо и фото: Tportal.hr, Profimedia