Иако со првите чекори во модниот свет, мокасините важеле за машки чевли кои го надополнувале елегантниот машки изглед, со модната револуција тие добиваат универзален карактер.
Во современото секојдневие ги носат подеднакво и мажи и жени, а благодарение на Гучи, се вратија на голема врата и добија различни модни интерпретации.
Минатата сезона беа актуелни оние модели со дебел ѓон и гломазен изглед, но нивната елегантна варијанта е созададена за секогаш да биде тука независно од тенденциите.
Идеални за комбинирање деловни аутфити со елегантни одела, блејзери, панталони и мантили, а исто така доволно флексибилни и да си ја најдат својата хармонија во разиграни, лежерни и поженствени секојдневни комбинации.
Преодната сезона, меѓу сандали и чизми, е совршена за чекорење во мокасини.