После долга зима и неубави случувања, сите со нетрпение го очекуваме сонцето и поведрите денови во секоја смисла.
А во таа насока одат и модните трендови. Сакајќи да ја претстават токму ведрата страна на модните комбинации, претстојната пролет ќе бидат актуелни модни додатоци во боја.
Ние денеска се осврнуваме на чантите. Раскошна палета на принтови и бои е она што дефинитивно доминира кога е овој моден додаток во прашање, што ќе ви помогне да се издвоите од толпата.
View this post on Instagram
Која боја да ја одберете?
За што поефектен избор, меѓу најдоминантните се жолтите нијанси. Но, ништо помалку впечатливи не се ниту неонската зелена, интензивната црвена, портокаловата, или пак сините нијанси (од пастелни до вибрантни нијанси).
Кога е големината на чантите во прашање, оваа пролет мала предност им се дава на помалите и попрактичните, но дури и да не преферирате такви, не мора да се обврзувате на трендовите - носете го она што најдобро ви стои и она што умеете да го носите.
А во продолжение издвоивме уште неколку примери кои можат да ви послужат како инспирација како да ги комбинирате:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram