Откако во 2019-та направи „бум" со својата прва колекција облека за онлајн продавницата „Revolve", една од најпопуларните модни блогерки Ејми Сонг (Song of Style), со над 5,5 следбеници на Инстаграм, ја продолжува соработката, овојпат со деби колекција чевли.
Концептот е така добро осмислен, што оваа линија модни додатоци ја надополнува претходната колекција за која блогерката се инспирираше од ликот на Саманта од „Сексот и градот".
„Мислам дека со додавањето на линија чевли се комплетира колекцијата „Song of Style". Го дизајниравме она што всушност жените сакаат да го носат. Нашите дами ја почитуваат убавината, но истовремено сакаат да се чувствуваат удобно и да бидат најдобрата верзија на себе", вели блогерката за Harper's Bazaar.
Колекцијата изобилува со богат колор и поетичност, а нивниот дизајн реферира на животниот стил на Ејми Сонг и го вклучува нејзиното динамично секојдневие, честите состаноци и средби со луѓе, што во секој поглед алудира на комлементарност помеѓу естетиката и функционалноста.
Отворени сандали со тенки ременчиња, од рамни до такви на висока потпетица, ја сочинуваат колекцијата во која цените варираат од 148 до 178 долари, а некои модели веќе се и распродадени.