Рамни сандали во совршен спој со лелеавите летни фустани

17 мај 2018

Иако оваа сезона особено се актуелни кломпите и сандалите на дебела потпетица, кога се во прашање летните обувки неизбежни се рамните сандали, особено оние на врзување.

Важат за совршен избор кога целта ни е шик аутфит што нема да не чини комфор.

Токму затоа речиси секое лето дизајнерите ни нудат нови верзии на овие омилени летни сандали, што едноставно се вклопуваат во речиси сите лежерни летни комбинации.

Ги носиме во комбинација со лелеавите макси фустани, ленените здолништа, со шриоки панталони и килоти, но и со кратки шорцеви како супер комбинација за на плажа.

Издвоивме неколку интересни модели како инспирација за вашите летни, лежерни комбинации.

 

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
919 пати