Во последно време сè почесто гледаме ранчиња наместо чанти. Дамите го одбираат овој моден додаток од практична, но и од естетска причина.

Иако порано беше незамисливо деловен аутфит да се комплетира со ранец, денес работите се сосема поинакви.

Освен тоа ранчето изгледа навистина кул, на некој начин подмладува, а рацете ви се слободни, што не е секогаш случај кога носите чанта.

На улиците се почесто гледаме дами од сите возрасти кои преферираат да носат ранец.

Ги има во секакви дизајни, од различни материјали, во широка палета на бои... останува на вас да го направите изборот.

 Фото: Pinterest

Објавено:
13 април 2023
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
981 пати