Ролерите добија футуристичка трансформација

4 септември 2014

Љубителите на возењето ролери и скејтборд  наскоро ќе можат да уживаат во новиот изум на младиот Американец Питер Тредвеј, насловен „Рокет скејт“. Тоа е некаков вид на комбинација од ролери и скејтборд . Ролерите на новата генерација се доста едноставни за користење и може да се монтираат на обувки. Тие на корисникот му овозможуваат  лесно движење, а достигнуваат брзина до 19 километри на час, без претерано напрегање.

Ако сакате да ја зголемите брзината, целата телесна тежина треба да ја насочите кон прстите на нозете, додека ако сакате да кочите треба да се потпрете на петите. Меѓутоа љубителите на високата технологија ќе се воодушеват и од фактот дека „ролер скејт“ може да се поврзе преку апликација со мобилен телефон преку која можете да ги контролирате во текот на возењето.

 

Овие футуристички ролерки поседуваат два електрични мотори кои со едно батериско полнење издржуваат и до 90 минути.

 

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци