Како дел од новата кампања за лето 2016 шпанскиот бренд Women'secret го бира форматот моден филм за презентација на колекцијата костими за капење за лето 2016.
Филмот наречен „My secret dream" е снимен на спектакуларна јахта на отворено море, а главната улога ја игра шпанската актерка Бланка Суарез. Со своите 27 години, успехот што го има постигнато и природната убавина, таа е вистинско олицетворение на сензуалноста која Women'secret сака да ја долови со новата кампања.
Суарез ја претставува вистинската Women'secret жена – онаа која се чувствува "убаво, удобно и секси" секој ден. „Мy secret dream" е место каде границата помеѓу реалноста и фантазијата избледува, а жената се чувствува како божица, дива која се капе во море од самодоверба и рефлектира моќен дух.
Со концептот „My Secret Dream", брендот ја охрабрува секоја жена да го најде своето идеално, секси катче каде ќе се почувствува уникатно и автентично, како вистинска ѕвезда.
Бланка Суарез, која е дел и од неколку популарни филмови на Педро Алмодовар, меѓу кои и „The Skin I live in", во врска со кампањата вели:
„Се радувам што сум заштитно лице на оваа кампања на Women'secret, a oсобено ми се допаѓа тоа што брендот го надминува трендот на фотографирање на костими на песочна плажа, туку го надградува имиџот и додава елеганција користејќи брод како локација за снимање."