Веќе знаеме дека години наназад модната куќа Селин е бренд што ги поставува трендовите и е еден од омилените на многу девојки ширум светот.
Почнувајќи од нивните култни торби, па сѐ до кул парчињата, брендот секоја сезона има некое парче што инстант станува тренд.
Оваа сезона вистински хит се класичните салонки со V израз кои неодоливо потсетуваат на оние што некогаш ги носеа нашите баби и мајки.
Токму овие чевли трендсетерите веќе ги најавија како голем хит и тренд, а наидоа на многу позитивни, но и негативни коментари.
Иако на прв поглед можеби и нема да ви се допаднат, тие се сепак интересни и добро се согласуваат со голем број комбинации.
Овие чевли ги освоија и останатите брендови, па голем дел од нив направија сопствени модели, меѓу кои и Ache Studios како и голем дел од познатите high street брендови.
Како вам ви се допаѓаат овие чевли?