Џими Чу  во  рамките на прославата на 20-годишниот јубилеј, организираше луксузен банкет на кој во елегантно декорирани сетови беа „сервирани" новите „специјалитети" од кујната на познатиот бренд.

На неверојатна огромна маса, на менито на Џими Чу се најдоа уникатните чевли и клач чанти од новата ресорт колекција за 2017 година.

А помеѓу специјалитетите, богат колорит на неодоливи нијанси, буквално како десертите од омилената слаткарница, чевли на високи потпетици во колор блок комбинации, како и сандали и чанти украсени со луксузни камења.

Објавено:
15 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
855 пати