За чевлите на дизајнерката Софија Вебстер сме говореле многупати досега. Медиумите постојано известуваат за нејзините новости, а трендсетерките ги обожуваат нејзините примероци.
Откако за прв пат нејзините дизајни беа објавени во Вог, светските ѕвезди како Кендал Џенер, Џенифер Лопез, Ријана и уште многу други не можат да се одделат од нивните омилени чевли.
Во новата есенска колекција, дизајнерката претстави уште еден модел „откачени“ чевли со детали во кои знаеме дека ќе се вљубите.
Највпечатливи од сѐ се колоритните топчиња што се прикачени за патент во златна нијанса што е поставен на средина на чевлите.
Сосема во нејзин стил, потпетиците се стилизирани со секси златна потпетица со топчиња и златни ременчиња со врвки во горниот дел.
Овој модел на чевли го носи името „Yasmina Pom Pom“, а веруваме дека многу наскоро ќе ги видиме во плакарот на секоја светска трендсетерка.