Откако помина цели девет години во модната куќа Баленсијага, талентираната француска дизајнерка Шарлот Чеснас минатата година ја лансираше првата линија накит под името на нејзиниот сопствен бренд.

Малку по заминувањето на Николас Гескјер од Баленсијага, си замина и Шарлот, по што следеа неколку години работа во популарни брендови меѓу кои и Кензо, Пако Рабан и уште неколку други.

Веќе во првата година на самостојно работење, таа доби бројни признанија од познати дизајнерски асоцијации, а откако се појави во американскиот, францускиот и кинескиот Вог, нејзиното име стана познато за сите.

Нејзиниот совршен минималистички накит го носеше и Кетрин Денев во прекрасен едиторијал за магазинот Porter, по што Шарлот се здоби со уште поголемо медиумско внимание.

Колекциите накит ги карактеризираат апстрактни форми, флуидни линии и минимализам кој најмногу се забележува преку материјалите што таа ги користи – сребро и злато како темел на сите парчиња.

Целиот накит таа го изработува во Франција, а достапен е во повеќе од 25 престижни продавници ширум светот.

 

Објавено:
16 јуни 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.275 пати