Свечена плико чанта за сите посебни прилики оваа пролет-лето сезона

13 мај 2019

Со еден впечатлив детаљ, ќе му дадете акцент на вашиот изглед.

Во период од годината кога се актуелни свечените настани и посебните прилики, посветете внимание на модните додатоци што имаат клучна улога во комплетирањето на аутфитот.

Еден детаљ може комплетно да ѝ даде поинаков правец и функција на свечената естетика, а модниот бренд Елена Лука тоа секогаш го има во предвид, затоа во нивната ексклузивна понуда секогаш ќе најдете голем избор на модни додатоци.

Наш денешен предлог е оваа уникатна плико чанта, во бакарна нијанса која може да ја носите и преку рамо со тенко синџирче.

Совршен избор со кој ќе му дадете целосна, автентична слика на вашиот изглед за секоја посебна прилика која ви следува оваа сезона.

Може да ја комбинирате со минималистички, коктел фустан за некоја од летните забави на отворено, со екстравагантен фустан или пак со елегантен комбинезон и високи потпетици, за вашата матурска или апсолвентска журка.

Објавено:
13 мај 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
399 пати
Тагови: 
Елена Лука