Кога станува збор за овој тренд, постојат три категории на дами, односно оние кои не поднесуваат синџири на тело, оние кои обожаваат да ги носат и скептични индивидуи, кои не следат модни новитети.

Носењето на синџири на телото во текот на летниот период изгледа апсолутно секси, особено ако се носат врз костимите за капење, кратките топови или пак фустаните со гол грб. На овој тренд имуни не останаа голем број познати личности, меѓу кои беа ангелите на Викторија Сикрет и Ријана. Со доаѓањето на ладната сезона, вредноста на овој тренд не се намалува, туку добива само поинаква модификација.

Синџирите најдобро доаѓаат до израз на маици и тоа во црна и бела боја, а софистицираниот изглед апсолутно еднакво се постигнува со различни модели од овој накит, односно тенки, дебели, на пределот на градите, рамената или на грбот. Доколку сакате да внесете иновативност во изгледот, тогаш искористете го овој тренд и украсете го изгледот со впечатлив накит на својата облека.

Превземмено од Grazia.rs

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци