Сламените шапки се повторно на врвот на листата на најпожелни за ова лето. На вас е да го изберете моделот што ви се допаѓа и што одговара на вашиот стил. Класични мали со тесен раб или пак дамски со широк раб, изборот е ваш. Доколку носите летни чизми, добар избор ќе се каубојските шапки.

Класичните шапки најлесно ќе ги усогласите со дневните, кежуал комбинации – тесни панталони, струкирани кошули или шорцеви и памучни маици со дезени. Дамските пак, одлично прилегаат со романтични и долги фустани или класичните летни одела.

Објавено:
28 мај 2013
Категорија: 
Модни додатоци