Откако во 2012 година Александар Ванг се приклучи кон тимот на модната куќа Баленсијага, брендот понуди навистина спектакуларни модели на чанти. Во прилог на ревизиите на култниот модел на чанта „City Bag“, Ванг воведе нова колекција чанти насловена „Le Dix“, која се одликува со едноставна форма и елегантен изглед. Но неодамна, дизајнерот  ја лансираше новата линија чанти, насловена „Neo Classic“, со особен акцент на мини моделите кои се навистина фасцинантни.

Новиот модел на малата поштарска чантичка со голема рачка преку рамо, половина од рачката е изработена од кожа а другата половина е украсена со ултра модерно синџирче. Ова е модел на чанта која на секого ќе му падне во око. Чантата е достапна во црна, розова и сина нијанса. Во предниот дел особено впечатливо е позлатеното копче.

Меѓутоа и другите модели на чанти не се помалку впечатливи. Станува збор за масивни и функционални модели, со неколку прегради за беспрекорно функционирање низ градскиот метеж.

Во продолжение погледнете дел од новите модели на чанти:

Објавено:
18 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци