Еден од најпопуларните чанти на „Прада“ во моментов е нешто што можеби го имете и дома.
Се работи за плетен модел или поточно хеклан. Дизајнот е едноставен, правоаголен, има рачки и препознатливото лого на брендот во форма на триаголник.
View this post on Instagram
Многу од модните блогерки го одобрија овој нов модел, кој има винтиџ нота и кој реално е нешто што можеби вашите баби го имаат или пак можат да ви го изработат.
Цената на оваа чанта изнесува 1.100 евра, цена речиси иста како и за некои кожени модели.
Под објавите, дел од следбениците на овој бренд, коментираат дека вакви плетени торби можат да се најдат по разни продавници и да ретко кога чинат повеќе од 5 фунти.
View this post on Instagram
Изработката и материјалот на чантата не се скапи, но брендот да, а ова е уште еден начин на јакнење на истиот.
Оваа чанта веќе ја носат трендсетерките ширум светот, на голем дел од нив брендот и ќе им ги подари - нема да ги чини многу, а рекламата што ќе ја добијат за возврат е непроценлива.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram