Очилата за вид, покрај нивната практична и основна функција, веќе одамна имаат и естетска примена. Тоа секако навреме го забележа и модната индустрија која веќе нуди совршен избор на брендирани рамки за диоптриски очила што соодветствуваат на различни карактери на луѓе со различен имиџ.

Па така, огромната понуда на дизајнерски диоптриски очила варира од минималистички и едноставни до ексцентрични со рачно изработени детали, во различни форми и дезени.

Сен Лоран

Последниве неколку сезони доминираат очилата со поголеми рамки, какви што се носеле пред десетици години, па ретро естетиката е присутна и во дизајнот на диоптриските очила, како впрочем и во останатите сегменти на глобалната мода. Но, сепак основното правило е, доколку веќе носите диоптриски очила, нивниот дизајн да го одберете според обликот на вашето лице, а да биде соодветен и на вашиот индивидуален стил.

Ботега Венета

Во галеријата погоре издвојуваме дел од највпечатливите модели од неколку светски брендови.

Објавено:
4 јануари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
609 пати