Модните „правила" што строго ги ограничуваа приликите кога треба односно не треба да носиме патики, веќе оддамна не се поставуваат на принцип црно-бело, туку напротив ослободени се од таквите стеги и дозволуваат многу поголема слобода во комбинирањето.
Затоа сега патики ноиме подеднакво и во женствени и во спортски, па дури и во деловни комбинации, а особено оваа пролет е популарен спојот на патики со елегантни дводелни костуми.
Ако сте фан на култните „Vans" патики, тогаш веруваме дека ќе се пронајдете во овој текст, затоа што ви е посветен вам.
Направивме избор од неколку урбани изданија во уличната мода, а во прилог на тоа како може да ги комбинирате вашите омилени патики ова пролет, во нови изданија и урбани комбинации.
Ќе приметите дека истиот пар патики соодветно може да се вклопи и во „скејтерски" аутфити, но и во комбинации што вклучуваат романтичнифустани на преклоп, елегантни панталони со висок струк или миди здолништа.
Идеи во подолжение...