Жизел Бундшен ги носи шик чевлите на сезоната!

20 февруари 2015

Бразилската долгонога убавица Жизел Бундшен зрачи со сексапил презентирајќи ја новата рекламна кампања на одличната модна куќа Стјуарт Вајцман. Фотографиите што се дел од кампањата ги направи легендарниот Марио Тестино.

 

По неколкуте „тизер“ фотографии што неодамна беа објавени од брендот, сега обожавателките на чевли имаат можност да ја видат целата колекција и рекламна кампања.

Црно – белите фотографии ги краси секогаш прекрасната Жизел Бундшен, додека во заводливо издание ги прикажува новите чевли на Вајцман што варираат од моќни потпетици, преку сандали на рамна пета, па сѐ до секси сандали со врзување на вртоглава потпетица.

„Долготрајната соработка помеѓу Жизел и Марио оваа кампања ја направи уште подобра со нивните уникатни визии и посебното чувство за стил во умерена доза“, изјави по објавувањето на рекламната кампања Стјуарт Вајцман.

Објавено:
20 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци