Зошто мажите престанале да носат чевли со висока потпетица

31 август 2013

65445024_p06-0013-adetail1

Убави, провокативни, секси - чевлите со високи потпетици најчесто се окарактеризирани како такви. Но, и најголемите обожаватели на ваквите обувки ќе признаат дека не се практични.

Не се практични кога долго пешачите или возите. На жените што носат чевли со високи потпетици им се советува да стојат понастрана од тревата, ледот, камените улици, па дури и мазните подови.

Но, изворно, тие не ни биле дизајнирани за прошетка.

„Чевлите со високи потпетици се носеле со векови на Блискиот Истоок, како облик на обувки за јавање“, вели Елизабет Семелхак од Bata Shoe Museum во Торонто.

Кон крајот на 16.век, персискиот шах Абас I ја имал најголемата коњица на светот. Во 1599 година Абас ја пратил првата персиска дипломатска мисија во Европа на терените на Русија, Германија и Шпанија. Персискиот стил на чевли со воодушевување се усвоени со страна на благородниците, кои настојувале нивниот изглед да биде мажествен, а тоа се чинело во тоа можеле да го претстават преку тоа висока потпетица на чевлите. Тие требале да дадат порака дека се работи за вистински мажи.

Како што овој тренд се пренесувал во пониските нивоа на општеството, така аристократијата драматично ја зголемувала висината на нивната потпетица - и т.н штикла е родена.

Во каливите улици во 17.век во Европа, овие нови чевли немале практична дејност воопшто, но тоа не бил проблем.

„Еден од најдобрите начини да се претстави состојбата, е непрактичноста“, вели Семелхак, додавајќи дека погорните слоеви отскеогаш користеле непрактична, неудобдно и луксузна облека, за да го нагласат својот привилегиран статус. Тие немале потреба да работат, па и не морале да чекорат далеку.

Петите и стапалата секогаш биле црвени. Модниот хит набргу се проширил и во странство.

Иако Европејците првпат  се поврзани со високите потпетици поради персиската врска, лудоста во женската мода за присвојување на елементи од машката облека и обувки, всушност значело и нивно користење за жените и децата.

„Во 1630 година имало жени кои ја шишале косата, пушеле луле, носеле шапки и биле многу мажествени и тоа е причината зошто жените ги присовиле потпетиците - сакале да ја огрубат својата облека и да и дадат машка нота“, вели Семелхак.

Од тоа време, во Европа, погорните класи го следеле модниот хит на унисекс чевли, се до крајот на 17. вел, кога работите почнале да се менуваат.

65445029_p06-0015

„Петата почнува да се менува. Мажите почнуваат да имаат поробусна, пониска stacky пета, додека кај жените потпетиците станувале потенки и округли“, вели Хелен Персон, кустор од музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон.

Бргу потоа, после неколку години, со Просветителството почнува да се почитува рационалното и корисното, а посебен акцент се ставало на образованието, а не на привилегиите. Машката мода се повеќе добива на практичност. Во Англија, благородниците почнале да носат облека која е поедноставена, врзана за нивната работа на имотот.

Тоа било почеток на она што се нарекува „Големиот маж и одрекувањето“ - така тие се откажуваат од носењето накит, светли бои и ткаенини кои порано ги користеле во темница и за хомоген изглед. Машката облека повеќе не го означувала толку силно  статусот на класата, но додека овие граници се матни, границите помеѓу слоевите сепак се истакнувале и станувале поизразени.

„Тука започнува расправата за тоа дека ако луѓето почнат да се образуваат, ќе станат угледни луѓе. Жените се доживувале како емотивни, сентиментални и неедуцирани. Женската привлечност и копнеж почнуваат да се градат во смисол на ирационалната мода и чевли со високи потпетици - одвоени од својата примарна функција (за јавање)“, вели Семелхак.

Чевлите со високи потпетици биле симбол на заводливоста и феминизираноста. До 1740-тата година, мажите сосема престанале да носат потпетици. Но, тоа било само 50 години така, пред да исчезне и од женската нога и да падне во немилост по Француската револуција.

large-1

Високите потпетици се враќаат во мода кон средината на 19.век. Во 1960-тите се случува враќање на ниските потпетици на каубојските чизми за мажи.

На прашањето дали мажите можеби ќе застанат на високи потпетици некогаш во иднина, Семелхак вели:

„Апсолутно. Нема причина зоштона  високите потпетици да не им бидат припишани нови значења, иако мораме да чекаме за рамноправноста на половите. Ако тоа стане знак (или означувач) за реална моќ, тогаш се чини луѓето односно мажите, ќе бидат подготвени да ги носат како што тоа жените го прават денес.

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци