Бојана Скендеровски во креација на ЕЛЕНА ЛУКА на Wedding Expo Skopje

11 март 2023

Во хотелот Александар Палас вчера свечено се отвори Саемот за венчавки Wedding Expo Skopje во организација на магазинот Во Бело и Конгресен Сервисен Центар.

Манифестацијата беше отворена со музички настап на Бојана Скендеровски, која блесна во креација на модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Пејачката носеше прекрасно бело одело, комплетирано со впечатлив накит, свечена мини шапка и бели, високи потпетици.

Присутните имаа ретка можност да видат дел од познатите пејачки, актерки, водителки, спортистки, во венчаници и свечени костуми.

За оние кои се заинтересирани, саемот во сабота и недела е отворен од 10 до 21ч, а на програмата се седум модни ревии кои стартуваат од 12 часот денес.

Саемот е од интернационален карактер, па освен домашни има дизајнери и од балканските простори, како и познати европски дизајнери.

 

Фото: Facebook

Објавено:
11 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.609 пати