Ева Лонгорија во монохроматски стајлинг совршено ја истакна нејзината фигура

3 март 2023

Ева Лонгорија им даде добра причина на присутните да го насочат вниманието кон неа додека престојува во Париз.

Актерката која што моментално отседнува во хотелот George V, се појави во аутфит кој како да беше совршено скроен за неа.

Ѕвездата од Очајни домаќинки, носеше монохроматско одело, блејзер и широки пантолони со раб во песочна нијанса, дело на Џузепе ди Морабито.

Благодарение на внимателно одбраните детали, како синџирчето на блејзерот, акцентот беше ставен на нејзиниот тенок струк.

Ева го нагласи само она што е тренд во најава, додека во рацете држеше клач чанта со синџир, дизајнирана од нејзината долгогодишна пријателка Викторија Бекам.

На сета оваа тренди елеганција Лонгорија облече и високи потпетици во истата песочна боја, што додадоа екстра должина на нејзината извајана силуета.

 

Објавено:
3 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
572 пати
Тагови: 
Ева Лонгорија