Секси и заводливо - дрес код на забавите по Мет Гала

2 мај 2023

Откако ќе помине официјалниот дел на Мет Гала, познатите едвај чекаат да заминат на некоја од забавите што се организираат потоа.

По формалните елегантни вечерни тоалети, се преминува на секси, светкаво и заводливо издание, а сестрите Џенер се меѓу првите што го поттикна "after party" изгледот, во сиот свој сјај.

Годинава некои беа повпачатливи од другите, а она што дојде до израз беше стилот на голиот фустан или "the naked dress".

Марго Роби, Рита Ора, Оливија Вајлд како и Кајли и Кендал Џенер со својот стајлинг ги свртеа погледите на многумина.

Секси изгледот на славните беше дефиниран со супер мини, проѕирни фустани, бисери, кропирани и мрежести парчиња и секако впечатливи накит.

Фото: Vogue, Harper's Bazaar

Објавено:
2 мај 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.047 пати