Актерката Ема Стоун - новата Круела Девил. „Дизни" направи нова верзија на класикот „101 Далматинец" од 1961 година, кој го носи насловот „Круела", а веќе е во подготовка и вториот дел. Ема Стоун се покажа како фантастична во улогата.
View this post on Instagram
Никогаш скандалозна, а секогаш присутна. Оскаровката покажа дека и сведеноста во однесувањето не мора да е лоша работа.
Неа нема да ја видите во „голи“ фустани и комбинации кои повеќе откриваат одошто сокриваат, но и без тоа таа речиси секогаш е во листите на најдобро облечените жени во Холивуд.
Висока 168 сантиметри и со 53 килограмии, таа одлично знае како да изгледа беспрекорно.
Со оглед на тоа дека нема изразена половина, секогаш носи модели кои се сечени во струк или пак имаат ремен кој дополнително го нагласува.
View this post on Instagram
Кога ќе се одлучи за поелегантна креација со деколте, го користи V-изразот, кој визуелно ја прави повисока. Ретко кога одбира еднобојни комбинации, а и кога го прави тоа најчесто се во нијанси кои совршено ја истакнуваат нејзина коса во црвени нијанси - смарагдно зелена, тегет, жолта, розова...
Комбинезоните се исто така често нејзин избор, секогаш во комбинација со високи потпетици, со што нејзината фигура изгледа поскладна.
Со оглед на ситната градба, таа преферира принтови и волуменозни парчиња кои ќе ѝ дадат „големина“ во перцепцијата на нејзината појава.
Ретро естетиката совршено ѝ прилега, па свесна за тоа ѝ често ја применува. Нејзиниот стил пред се' може да се толкува како еклектичен, но вистината е дека можете да најдете инспирација за различни пригоди и модни изрази - од класични до несекојдневни.
Ние одвоивме 32 комбинација во чест на нејзиниот 32 роденден кој го прославува денес: