Дакота Џонсон, актерката која стекна светска слава по улогата на Анастасија Стил во филмот „Fifty Shades of Grey" во 2015 година, денес полни 33 години.
Фото: Pinterest
Ќерката на Дон Џонсон и Мелани Грифит го имаше своето филмско деби на 10-годишна возраст во филмот „Crazy in Alabama" од 1999 година, а подоцна ја воодушеви филмската публика со својата извонредна телевизиска улога како Кејт Фокс во „Ben and Kate". Дакота зад себе има бројни улоги во помалку и повеќе познати филмови, а дополнително таа беше и дел од актерските екипи на филмовите „21 Jump Street" и „The Social Network".
Фото: Pinterest
Покрај актерскиот талент, Дакота исто така го привлекува и вниманието на јавноста со својата беспрекорна појава на јавни настани, доделувања на награди и филмски фестивали. Актерката е позната по нејзиниот шарм, елегантен стил и вкус за софистициран и суптилен гламур.
Неретко таа блеснува на црвените килими и го привлекува сето внимание на камерите кон себе, а постојат и бројни фотографии кои се доказ за тоа дека Дакота има одличен стил и во приватниот живот, кој со својата едноставност, лежерност и шарм на „француска девојка" претставува инспирација за голем број млади девојки.
Фото: Pinterest
Во чест на нејзиниот роденден, денес одвојуваме 33 впечатливи изгледи на Дакота Џонсон кои можеби ќе бидат инспирација и за некој од вас.
Фото: Pinterest